Дијамантска обработка на фелни

Вашите омилени и уникатни фелни го изгубиле својот сјај и не изгледаат како што изгледале кога сте ги купиле? Ние можеме да ви помогнеме со нашата специјална CNC – машина за дијамантска обработка на фелни, единствена во цела Македонија. Оваа машина претставува најдобар избор за обработка и одржување на алуминиумски тркала, се карактеризира со висок квалитет, висока прецизност и висока ефикасност. Со помош на оваа машина им даваме нов уникатен сјај на фелните. Заљубете се повторно во вашите фелни.

Сензори

Системот за следење на притисокот во гумите (TPMS) е електронски систем создаден да го следи притисокот на воздухот во внатрешноста на пневматиците на различни типови на возила. Сензорите ви овозможуваат моментално известување во случај на проблем. Доколу сакате да се чувствувате побезбедно при возење со инсталирање на сензори на вашето возило, повелете во Турбомакс и нашиот обучен тим ќе ви помогне.

Хотел за пневматици

Во Турбомакс имате опција да ги оставите вашите вонсезонски пневматици на чување – комплет со фелни или само пневматици. Сезонските пневматици претставуваат голема инвестиција, а со нив следува и голема одговорност за нивно соодветно чување и одржување. Затоа, таа одговорност ја преземаме ние , а вие ги уживате само предностите.
Предности: чување на безбедно место, заштита од сончева светлина, хемикалии и влага, заштедувате простор, не кревате тешки и нечисти пневматици.

Поправка на фелни

Ако забележите дека нешто не е во ред со вашите фелни, ние можеме да ви помогнеме. Поправаме фелни со димезии од 13” до 22”. Под поправка на фелни спаѓаат следните услуги: исправање, заварување и фарбање фелни.