Завртки

Завртките на тркалата имаат клучна улога кога станува збор за вашиот автомобил: да ги одржуваат тркалата прицврстени! Достапни во разни форми и големини за различни возила, овие едноставни компоненти овозможуваат вашите тркала да останат безбедно прицврстени километар по километар. Кога купувате нови завртки важно е да ја изберете вистинската големина и тип, па затоа дојдете кај нас а ние ќе се погрижиме да ги добиете точните завртки.

Цена: во зависност од димензија и количина.

Централни прстени за фелни

Централните прстени служат за пополување на празното место помеѓу центарот на тркалото и фелната што сакате да ја вклопите доколку се потребни. Најчесто се изработени од квалитетна пластика. На залиха имаме голем избор на прстени, а исто така и изработуваме централни прстени по нарачка.

Цена на залиха: 800,оо ден.

Цена по нарачка: 1.200,оо ден.

Дистанцери

Дистанцерот претставува диск со централна дупка и дупки за завртки, кои се вметнуваат помеѓу осовината на тркалото и фелната и служат за проширување на тркалото, т.е. за да ги придвижи тркалата нанадвор. Некои возачи ги ставаат од чисто естетски причини, други за подобрување на перформансите на возењето или за да се вклопат нови фелни, поголеми сопирачки и слично. Нудиме дистанцери за сите возила со разни димензии од 0.3 мм до 30 мм, или поголеми по порачка.

Цена на сет: 6.450,00 ден. 4,930 ден.

Kreddy

Кај нас може да ги искористите услугите на Kreddy. Што е Kreddy? Kreddy е краткорoчен кредит кој Ви овозможува позајмување на парични средства за временски период од 3 до 12 месеци. Kreddy ќе Ви ги обезбеди потребните парични средства за покривање на Вашите краткорочни финансиски потреби. Дознајте повеќе на kreddy.mk.

Feral производи за нега на вашиот автомобил

Турбомакс е официјално продажно место на Feral производите за нега на вашиот автомобил. Нудиме голем избор на освежувачи на воздух, производи за надворешна и внатрешна нега, за мотор, за нега на пневматици и фелни, како и брисачи.

Останати додатоци

Исто така, нудиме повеќе видови сијалици, патосници, брисачи, ланци за снег и акумулатори. Располагаме со следните брендови: разни видови сијалици Osram и Neolux, Gledring патосници, брисачи во повеќе димензии Feral и Skylon, ланци за снег Rapidmatic, како и разни Power Plus акумулатори.

Наслов

Мини текст со објаснување на промоцијата