about-heading-image

Зошто да купите од нас?

1

Плаќате помалку – добивате повеќе

Добивате подобар квалитет од оној за кој сте платиле.

Најголем избор на фелни

Најнови модели на фелни во димензии од 15“ до 22“ за сите возила.

3
2

Се грижиме за вас

Брз, услужлив и стручно обучен тим кој ќе ви помогне да го изберете најдоброто за вашето возило.

13+ години работно искуство

Нашето долгогодишно искуство ви гарантира проверен квалитет и сигурна безбедност.

4

За Турбомакс

Турбомакс е изложбен салон и сервис за пневматици и фелни лоциран во Скопје со приватен паркинг. Ви нудиме најголем избор на фелни и пневматици со врвен квалитет по најповолни цени, брз и професионален кадар, поправка и дијамантска обработка на фелни, сензори, монтажа, балансирање и многу други услуги со помош на најмодерни машини.

Приказната на Турбомакс започнува во 2006 година, во мал изложбен сервис во Бардовци. Благодарение на нашиот квалитет, поволни цени, професионалност и услуга, како и на нашите верни потрошувачи, девет години подоцна го отвараме салонот со сегашната локација на Качанички пат. Турбомакс е фирма која постои повеќе од 13 години. Нашата гостопримливост е една од нашите јаки страни, како и одлично обучениот тим со долгогодишно искуство кои би ви го понудиле најдоброто за вашето возило. Нашето 13+ годишно искуство ви гарантира проверен квалитет и сигурна безбедност.

Од 2018 година сме официјален генерален застапник за австралиските пневматиците Altenzo низ цела Македонија. Altenzo се истакнува со својот квалитет, удобност и конкурентни цени. Исто така, сме генерален застапник на пневматиците Tracmax кои полека но, сигурно се истакнуваат со својот квалитет и дисконтни цени на германскиот и светскиот пазар. Плаќате помалку, добивате повеќе! Покрај Altenzo и Tracmax, располагаме и со многу други брендови: Michelin, Continental, Bridgestone, Dayton, General, Pirelli, Goodyear, Dunlop.

Нашата мисија е постојано да го подобруваме сопственото работење, да ги следиме светските стандарди на професионална работа во оваа исклучително конкурентна индустрија, да го зајакнуваме и да го едуцираме нашиот тим со цел континуирано да ги задоволуваме вашите потреби. Нашата цел е да изградиме долгорочен и одржлив однос со нашите потрошувачи и соработници.

Соработка

Момент од потпишувањето на договорот меѓу Tурбомакс и македонскиот тркач Ристо Вуков - Рико. Чест ни е да бидеме дел од шампионскиот тим на Рико - најдобриот меѓу најдобрите. Заедно до нови победи и нови височини!

collaboration-img

Сертификати

Наслов

Мини текст со објаснување на промоцијата